Македонија
11. September 2019 - 11:00

Полицијата со судски налог влезе во стан во Гостивар, еве што пронајде таму

Ноќеска  околу 01.30 часот полициски службеници на СВР Тетово- Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар ја привеле С.В.(28) од Битола.

При претрес извршен со судска наредбa на ул.„Илија Антевски-Смок“ во Гостивар, каде престојувала, бил пронајден хероин. 

По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.