Балкан
1. May 2021 - 20:39

Полицијата се судри со демонстранти во Истанбул, најмалку 100 лица се уапсени

Голем број демонстранти се уапсени во Истанбул кога се обидоа да го одбележат 1 мај со кршење на забраната за собирање што ја воведе Владата во рамките на анти-ковид мерките.

Најмалку 100 лица се уапсени додека се обидувале да стигнат до плоштадот Таксим и другите јавни простори во градот.

На 1 Мај во Турција традиционално критичарите на Владата излегуваат на улица и редовно има судири со полицијата.

Претставници на Адвокатската комора во Истанбул изјавија дека бројот на упасени може да достигне 170 лица. Во Анкара се извршени и најмалку 11 апсења.

Во Турција од 29 април во сила се строги анти-ковид мерки поради смртоносниот трет бран на пандемијата.