Македонија
3. April 2021 - 11:37

Полицијата растури забава во стан во Струмица

На 03.04.2021 во 03.40 часот, по претходна пријава и по овластување на јавен обвинител, полициски службеници извршиле контрола во стан на бул.„Ленинова“ во Струмица, сопственост на Д.А.(22) од Струмица, при што било констатирано дека организирал забава со уште седум лица, со што сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија'', казниво по член 206 од Кривичниот законик.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.