Македонија
22. November 2020 - 11:53

Полицијата растури семејна веселба со 70 гости во гостиварско Здуње

Вчера во 19.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во угостителски објект во с.Здуње, сопственост на Џ.Б.(59) од Гостивар, се одржувала семејна веселба. Од полициски службеници било излезено на местото и во објектот биле затекнати околу 70 гости. Повикани биле и инспектори од Државен пазарен инспекторат и бил извршен увид, соопштуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против Џ.Б. ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, казниво по член 206 од Кривичниот законик.