Полицијата проверува кој и се заканувал на судијката Кацарска
Полициско обезбедување за судијката Добрила Кацарска е одобрено веќе две недели на барање на Кривичниот суд, потврди денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
- Имаме обврска за сите носители на јавни функции за кои ќе има барање или постои безбедносен ризик да обезбедиме заштитта на интегритетот и на личноста. Во овој случај врз основа на барање од Судот, а по проценка направена во службата, е доделено физичко обезбедување на судијката Добрила Кацарска, изјави Спасовски одговарајќи на новинарско прашање за одлуката за обезбедување на судијката Кацарска.
Полицијата, како што посочи, работи на постапка за откривање кој и зошто ги прави заканите, но за тоа ќе информираат кога ќе има повеќе информации.
Кацарска го води случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство во кој изрече затворска казна за поранешниот премиер Никола Груевски и за екс помошник министер за внатрешни Ѓоко Поповски. Во овој случај е обвинета и поранешната министерка за внатрешни Гордана Јанкулоска, за која поради ризична бременост беше издвоена постапката.
Ново на Сител
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто