Балкан
13. April 2016 - 17:43

Полицијата пронашла нови траги во каналот во кој лежело безживотното тело на Јелена

Поради убиството на пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, инспекторите и припадници на спрската полиција, продолжуваат да истражуваат. Тие се наоѓаат во Борча и го испитуваат теренот каде што е пронајдено телото на убиената пејачка на Гранд.
 
Според неофицијални информации на лице место, полицијата пронашла нови траги кои укажуваат на тоа како Јелена се обидела да бега. Трагите се пронајдени во каналот. 
 
Полицијата и понатаму трага за нови релевантни докази и информации, кои би им помогнале во решевањето на овој злочин.
 
Потсетуваме дека пејачката е убиена пред 12 дена. Случајот е пријавен во полиција од страна на нејзиниот маж, по што е пронајдено нејзиното тело во канал во Борча. 
 
Еден од осомничените за вмешаноста во овој случај бил и Небојша Ројко, викан Вихор кој ги поминал полиграфските испитувања.
 
После него полицијата продолжила со испрашувањата на нејзиниот маж Зоран Крсмановиќ, кој прв пријавил за случајот, но дури неколку часа од исчезнувањето на убиената пејачка.