Македонија
3. October 2017 - 16:15

Полицијата привела 5 лица за претепувањето на Елвис Бајрам

Пет лица кои учествувале во крвавата тепачката која вчера се случи во населбата Шуто оризари, и во која со тешки повреди се здоби актуелниот градоначалник Елвис Бајрам, се повикани на разговор, соопштуваат од МВР. 

Во тек е и прибирањето на доказите за понатамошна постапка.

Од МВР додаваат дека секаков обид за нарушување на демократскиот изборен процес и загрозување на безбедноста на граѓаните ќе биде соодветно санкциониран.

Инаку, здравствената состојба на Елвис Бајрам во моментов е стабилна. Од неговата партија велат дека синоќешниот случај е класичен обид за убиство, и бараат од органите на МВР итно да го разрешат случајот.

Градоначалникот на Шуто Оризари, Елвис Бајрам, вчера беше нападнат и претепан, додека одржувал средби со граѓаните. Тој бил удрен со метална прачка во главата, по што паднал во безсознание.

Поради сериозноста на повредата, тој веднаш беше одвезен во Градската општа болница “8 Септември” од екипа на Брзата помош. Има осекотина од 8 сантиметри, која е сошиена со шест конци, а според последните информации соопштени од неговиот татко, пратеникот Амди Бајрам, тој има потрес на мозокот и скршеница на черепот.