Македонија
17. September 2018 - 11:13

Полицијата приведе двајца наркодилери

Вчера околу 20.40 часот полициски службеници од Полициската станица Гостивар го привеле Р.Ф.(23) од Гостивар, осуден на едногодишна затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

По приведувањето, Р.Ф. бил предаден во Казнено поправната установа Тетово за издржување на затворската казна.

Ноќеска во 03.45 часот во Полициската станица Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија, од слобода бил лишен М.С.(25) од Штутгард-Сојузна Република Германија.

Лицето е задржано во полициската станица за понатамошна постапка.