Македонија
18. May 2021 - 17:30

Полицијата прекинала веридба во Куманово на која присуствувале 30 лица

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ш.Б. и В.Б., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 26.12.2020 пред семејна куќа на пријавените била организирана семејна прослава по повод свршувачка на второпријавениот, а на која присуствувале околу 30 луѓе, со што било постапено спротивно на член 206 од Кривичниот законик и мерките за заштита од ковид-19 донесени од Владата.