Живот
19. December 2016 - 15:20

Полицијата поради баба скрши прозор, но тоа што го затекнале во автомобилот ги шокирало!

Полицајците во Њујорк, каде температурата овие денови била по нула степени Целзиусови, биле принудени поради старица во автомобил, која не давала знаци на живот, скршиле стакло за да ја спасат од смрзнување.

Меѓутоа, се испоставило дека минувачите, кој ја алармирале полицијата, залудно кренале паника затоа што во автомобилот се наоѓала медицинска кукла која се користи за вежби на оживување.

Кога сопственикот на возилото се вратил затекнал скршен прозор, но одлучил дека нема да тужи полицијата.

- Ако тоа било шала, таа е многу лоша. Ако тоа било само начин на кој ја превезувал куклата можел тоа да го направи на малку подобар начи, сепак караван е во прашање. Куклата дури и ја врзал со сигурносен појас, изгледаше како патник во автомобилот, изјавил портпаролот на полицијата.