Македонија
27. April 2021 - 16:40

Полицијата поднесе кривична пријава против организаторот на протестите за ослободување на „уставобранителите“

СВР Скопје поднесе кривична пријава против организаторот на протестите за ослободување на „уставобранителите“ кои се осудени за насилниот упад во Собранието што се случи на 27-ми април 2017-тата година.

-СВР Скопје денеска (27.04.2021) до надлежното Обвинителство поднесе кривична пријава по чл. 206 од КЗ против Т.П. (61) од Гевгелија, бидејки на 25.04.2021 организирал протест пред објектите на Влада и Собрание на РМ и не се почитувани мерките за заштита на населението од заразни болести, соопшти Министерството за внатрешни работи.