Полицијата откри: Дали крвавиот маж е убиецот на Јелена?
Средовечен маж целиот крвав по лицето и телото е приведен во близина на насипот кај Борча, во Црвенка, каде е убиена српската пејачка и ѕвезда на Гранд, Јелена Крсмановиќ Марјановиќ.
Според новите податоци од српската полиција, се работи за бездомник кој бил затекнат на насипот каде на 2. април минатата година се случи најбруталното убиство кое го потресе целиот регион. Српските медиуми пишуваат дека мажот чиј идентитет не се открива бил целиот крвав по лицето, рацете и облеката и веднаш бил приведен.
Полицијата со денови ги испрашува и сослушува мештаните, но бездомникот според нив можеше да е првата трага за одмотување на клопчето за случајот кој сите ги потресе.
Човекот, според последните податоци зборувал неповрзано, не можел да објасни од каде има толку крв на него. Бил задржан додека не биле направени сите потребни анализи, а ДНК анализата покажала дека крвта е негова, а не на Јелена.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Виница 32 литри на квадрат, најстудено на Попова Шапка минус три степени
-
ЦУК апелира на внимателност поради влошувањето на временските услови
-
Затворен аеродромот Манадо поради ерупција на индонезискиот вулкан Руанг
-
Надал: Нема повеќе да се натпреварувам во Барселона
-
Ред Бул има намера да го задржи Перез во 2025 година и да го врати Албон во 2026 година
-
Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“
-
Стартува трката за пратеници, уште пет дена претседателска кампања
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина за употребата на динарот во Косово