Свет
12. April 2017 - 8:35

Полицијата не отфрла ниту едно сценарио за нападот на автобусот на Борусија Дортмунд

Јавното обвинителство во Дортмунд го истражува писмото коешто е пронајдено во близина на местото каде што вчера се случија три експлозиите во кои настрада автобусот на германскиот клуб Борусија Дортмунд при што Шпанецот Марк Бартра беше полесно повреден.

Во инцидентот е повреден и полицаецот, кој обезбедувајќи го автобусот, возел пред возилото.

- Веродостојноста на писмото со кое се презема одговорност за нападите патувале допрва ќе биде утврдувана од германските истражни органи, изјави вчера доцна навечер Сандра Локе портпарол на канцеларијата на локалното јавно обвинителството.

Според првичните сознанија на полицијата експлозиите биле дел од планиран напад, за којшто засега не е познат мотивот, а истрагата не отфрла ниту едно од сценаријата кои што ја вклучуваат и можноста експлoзиите да се предизвикани од петарди со посилно експлозивно полнење.

Полицијата и обвинителството ја истражуваат и четвртата екслозивна направа, која што за среќа не експлодирала, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Во првичната изјава, полицијата на покраината Северна Рајна Вестфалија објави дека експлозивните направи се направени од материјал кој што треба да се анализира како сериозни по јавната безбедност и што најверојатно биле скриени во грмушките покрај патот по кој играчите на Борусија Дортмунд патуваа на четвртфиналниот меч од лигата на шампионите против францускиот тим Монако.

- Морам да им дадам комплименти на нашите навивачи коишто со проблемот се справија мирно, разумно и со солидарност. Се разбира тренерите и играчите се шокирани, но мора да најдеме начин да го надминеме овој проблем, изјави непосредно по инцидентот шефот на полицијата во Дортмунд Ханс Јоаким Вацке.

Одлуката за еднодневно одложување на мечот меѓу Борусија Дортмунд и Монако, што започнува денеска во 16 часот и 45 минути е донесена во консултација меѓу УЕФА, претставниците на двата клуба и локалните власти.

Полицијата во Дортмунд која најави зголемени мерки на безбедност за време на одигрување на вчера одложениот меч од навивачите на двата тима бара да бидат внимателни и да не предизвикуваат дополнителни проблеми за безбедносните служби.

Како одговор на солидарноста на гостинските фанови кои откако дознале за инцидентот на стадионот Вестфален во знак на подддршка за фудбалерите на домашниот тим скандирале „Дортмунд, Дортмунд“, голем дел од нив ноќта ја минаа сместени кај германски домаќини коишто преку социјалните мрежи нуделе бесплатно сместување за навивачите од Франција.