Македонија
18. May 2019 - 13:18

Полицијата на терен - најдена бомба на гробишта

Во 16.50 часот било пријавено дека во непосредна близина на гробиштата кај селото Кременица, битолско, полициски службеници пронашле една неексплодирана рачна бомба од Првата светска војна.

Увид бил извршен, а бомбата безбедно била подигната од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.