Балкан
28. May 2016 - 12:52

Полицијата на нозе, утрово се одвиваше драма: "Мамо одам по својот пат, тука е крајот"

Дрина денеска испиша драма која вечно ќе се памети. Главен актер во неа беше 29-годишно момче, неговата испаничена мајка и полицијата.

Како што дознава српскиот Блиц, младото момче утрово ја однело мајка си на стотина метри од семејната куќа, каде требала да фати автобус за на работа. Кога излегла од авотмобилот синот ја поздравил со зборови од ко и исе заледила крвта во телото: "Мајко јас сега одам по мојот пат, ова е крајот". Ја затворил вратата и тргнал назад.

Мајката го видела синот како со автомобилот забрзува и ладнокрвно влетува во Дрина. Тргнала со трчање по него, но за жал не го стигнала.

Работници на обалата велат дека се се одвивало брзо. Го виделе момчето како влетува во реката, и мајката која трча и плаче. 

- Од младото момче веќе немаше ни трага, беше ужасно, велат тие за Блиц.

Полицијата веднаш започнала со претрага на местото на настанот. И последната надеж дека е жив згаснала кога полицијата му ги нашла само патиките. 

Кога се чинело дека нема надеж, од полицијата се јавиле и кажале дека нашле момче без документи со жолта блуза. Реката го исфрлила на обала. 

За среќа, момчето е спасено од случајни минувачи. Велат дека Дрина не простува, но овој пат приказната нема трагичен крај.  Засега не се знае зошто младото момче ччиј идентитет не се открива, сакало да си го одземе животот.