Македонија
11. April 2017 - 11:44

Полицијата на нозе по грабежот во Тутунска Банка: Се бара крадецот кој украде 2 милиони франци и 270 илјади евра

 
 
40-годишниот Б.С. вработен во НЛБ банка, вчера од трезорот на банката во Скопје украл 2 милиони франци и 270 илјади евра и избегал.
 
Случајот вчера околу 17 часот во полиција го пријавил директорот на трезорот на банката, според кого Б.С. ги пикнал парите во ќесе и избегал во непознат правец. Увидот  е завршен.
 
Информациите денеска ги потврдија од МВР од каде најавија повеќе информации во текот на денот.