Македонија
25. August 2020 - 13:05

Полицијата констатира три кривични и две прекршочни дела во угостителски објекти во Струмица

Во текот на изминатиот викенд во три угостителски објекти на подрачјето на општина Струмица констатирани се кривични дела, во еден угостителски објект констатиран е прекршок „пуштање гласна музика“, а  во друг угостителски објект било констатирано присуство на малолетници подоцна од 24:00 часот предвидени во Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, информираат денес од СВР Струмица.

-За сите сопственици на угостителските објекти кај кои ќе бидат констатирани прекршоци и кривични дела, Секторот за внатрешни работи-Струмица, согласно своите надлежности, ќе подготви соодветни поднесоци, а за правните лица ќе предложи  изрекување на соодветни прекршочни и кривични санкции, стои во соопштението од полицијата.

Понатаму се додава дека СВР-Струмица во соработка со Државниот пазарен инспекторат, во претстојниот период ќе продолжи со преземање интензивни мерки и активности во угостителските објекти на подрачјето, насочени во делот на присуство на малолетници во угостителски објекти по 24:00 часот, непостапување  според здравствените прописи за време на епидемија, точење алкохолни пијалоци на малолетници , гласна музика и непочитувањето на работното време.

Полицијата апелира до сопствениците на угостителските објекти и граѓаните  да ги почитуваат препораките од Владата на Република Македонија и законските правила и прописи.