Полицијата извршила претрес во Сингелиќ - пронајдени различни видови муниција
Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО) донесе наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишен скопјанец осомничен за кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, а надлежен јавен обвинител побара да му се определи мерка куќен притвор.
Како што информира ОЈО, осомничениот во својот дом во Сингелиќ, неовластено кај себе држел 73 куршуми, од кои 67 парчиња од кинеско и шест од албанско производство. Куршумите со калибар 7,62Х39 биле наменети за испалување од различни видови репетирачки, полуавтоматски и автоматски огнени оружја.
-Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомниченото лице, соопшти ОЈО.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители