Македонија
27. May 2018 - 13:18

Полицијата изврши претрес во тетовски локал - уапсена пејачка

Во периодот од 23:45 часот на 26.05.2018 до 01:00 часот на 27.05.2018 година полициски службеници од Полициската станица Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект во село Теарце, тетовско, сопственост на Џ.М. од село Слатино, тетовско.

При претресот, во објектот биле затекнати четири државјанки на Република Македонија и 28-годишната Л.М. од Република Албанија, кои биле вработени како пејачки.  Албанската државјанка била приведена во Полициската станица  Тетово за понатамошна постапка.

Полиција презема мерки за расчистување на случајот.