Полицијата го има убиецот на Јелена во рака: Мистериозен сведок раскажа како била убиена!
Сведок за убиството на пејачката на Гранд, Јелена Крсмановиќ, открил детали кои многу кажуваат за случајот. Полицијата засега тврдењата ги чува како строго доверливи докази кои не смеат да дојдат во јавноста додека убиецот не се уапси.
Сведокот како што пренесуваат српските медиуми ја кажал целата вистина и поминал на полиграфското тестирање.
- Полицијата веќе почна да губи надеж дека ќе најде нов доказ, а тогаш се појави овој човек и кажа се што знае. Рече Знам некои работи за убиството на Јелена кои ќе ви бидат од корист. Неговото тврдење се покажа како точно и на полиграф, а тој и направи целосен пресврт во истрагата, вели извор.
Со сведочењето, сведокот изнел многу деликатни тврдења, вели Информер.
Сведокот чиј идентотет засега е непознат поради успешноста на истрагата, тврди дека е близок пријател на семејството Марјановиќ и дека знае се што се случува во рамки на семејството и нивните односи со Јелена.
По ова сведочење, можни се и апсења наскоро за случајот кој го потресе регионот.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право