Македонија
25. July 2016 - 12:58

Полицијата го фати кавадарчанец кој криумчарел мигранти

 
Во текот на вчерашниот ден во 09 часот и 10 минути на локалниот пат Кавадарци – Конопиште полициски службеници,  во возило „Рено Еспејс“ со скопски регистарски ознаки , пронашле 12 илегални мигранти од Сирија од кои четири возрасни  и осум малолетни деца. Истите се приведени, а од нив шест мигранти  ќе бидат задржани во Прифатниот центар за странци, а останатите ќе бидат вратени назад во Грција.  
 
Возачот, откако не застанал на даден знак, продолжил со движење и по кратко време застанал, го оставил возилото и успеал да побегне. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на возилото.