Балкан
6. April 2016 - 19:13

Полицијата го бара чеканот со кој е убиена Јелена: Затворено местото каде што страдала пејачката

Иако поминаа пет дена од убиството на пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, инспектори и понатаму го чуваат местото на кое што пејачката е нападната и брутално убиена.
 
Потсетуваме, пејачката исчезна во саботата попладнето, а нејзиното безживотно тело го пронајде полицијата во неделата во канал покрај пат.
 
 
Нејзиниот сопруг Зоран кој беше сомничен за убиството по полиграфсокото испитување и резултатите од ДНК анализата е пуштен од притвор, а денеска ја посети својата ќерка и мајката на Јелена.