Македонија
8. July 2020 - 15:59

Полицијата ги бара лицата кои предизвикале пожар со градежен отпад во с.Порој

Вчера во тетовската полиција било пријавено дека непознати лица направиле длабок ископ во кој депонирале градежен отпад кој потоа бил запален. Како што соопштуваат од МВР:

„На 07.07.2020 околу 13.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на нива покрај железничката пруга во Тетово, во атарот на с.Порој, непознати сторители со мeханизација направиле длабок ископ и во него депонирале разновиден градежен и друг отпад, кој потоа бил запален.

Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица, пожарот бил целосно локализиран.

Увид извршила екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.“