Македонија
18. April 2019 - 10:28

Полицијата два часа правела претрес: Уапсен маж поради тоа што го поседувал дома

На 17.04.2019 година во времето од 05:15 до 07:15 часот врз основа на Наредба на Основен суд Велес полициски службеници од Полициска станица Валандово извршиле претрес во домот на С.К (39) и М.К (41) од село Удово.

При претресот пронајдени се марихуана и семки од марихуана. М.К е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.