Македонија
21. February 2019 - 10:43

Полицијата апсеше на патот Радовиш -Плачковица, уапсени 5 лица

Пронајдена марихуана во возило марка „Ауди“ со струмички регистерски таблички, пет лица приведени.

Како што стои во билтенот на МВР, вчера  во 16.00 часот на регионален пат Радовиш –Плачковица од страна на полициски службеници од Надворешна канцеларија за криминалистички работи Радовиш при преглед на патничко моторно возило „Ауди“ со струмички регистерски ознаки пронајденa е марихуана, а во близина на возилото исто така е пронајдена марихуана.

Во возилото биле лицата Ј.Р.(33) од село Василево, Б.М.(24), Ф.Д.(20), Б.Д.(27) и Р.И.(30), сите од Радовиш. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.