Полицијата апсеше дилери на дрога во Скопје и Тетово
Вчера полициски службеници од Eдиницата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.Л.(36) од Скопје, затоа што при претрес во нејзиниот дом во населбата Карпош била пронајдена и одземена марихуана. Во 19.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит пазар го лишиле од слобода Е.Ш.(31) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. Исто така во 16.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Михаил Чаков“ ги лишиле од слобода А.Г.(26) и А.П.(28), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. Околу 12.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода И.П.(27) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. И во Тетово околу 21.20 часот во тетовско Непроштено, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Р.(21) и три малолетни лица од тетовски Порој, затоа што при нивен и преглед на патничко возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена марихуана. Четворицата задржани се во Полициската станица Тетово. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак