-->
-->
Полиција во куќата на Борис Џонсон, негов сосед пријавил кавга и удирање
-->

Лондонската полиција соопшти дека повикот бил направен вчера рано изутрина од лице „загрижено за здравјето на соседката”.
Џонсон во таа куќа живее со партнерката Кери Симондс. „Гардијан“ пишува дека соседите на Џонсон пријавиле оти слушнале врескање, викање и удирање.
"Get off me" и "get out of my flat" - викала партнерката на Џонсон.
Полицијата соопшти дека сите луѓе во куќата на Џонсон биле „безбедни и добри” и дека немало прекршок. Контроверзниот Џонсон – поранешен новинар, градоначалник на Лондон и шеф на дипломатијата на Велика Бритнија, важи за фаворит во трката за нов лидер на владејачката Конзервативна партија, а минатата година се разведе од Марин Вилер по 25 години брак.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сообраќајна несреќа во Тетово, почина 68-годишен велосипедист
-
32-годишен маж физички нападнат од својата сопруга, го турнала и нивниот малолетен син
-
САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии
-
Акциска контрола на угостителски објекти, приведен 29-годишник, пронајдена е дрога
-
Претставничкиот дом на САД одобри продолжување на воената помош за Украина
-
Полицискиот хеликоптер исфрли повеќе од 35 тони вода врз пожарот во струмичко
-
На „Табановце“ се чека околу 30 минути
-
Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”