Македонија
28. February 2019 - 10:45

Полиција упадна во семеен дом во Струмица - еве што пронајде таму

Полицијата влезе во семеен дом во Струмица и одзема марихуана. Како што информираат од МВР, вчера во периодот од 10:30 до 12:40 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле  претреси во дом и помошни простории сопственост на С.Г.(28), од кои две на локација во Струмица и еден дом во село Петралинци.

При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, две воздушни пушки, цевка од воздушна пушка, мобилни телефони, 16 стари монети и еден стар прстен.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.