Свет
20. January 2016 - 21:19

Полициите на Турција и Германија разбија криминална мрежа, која превезувала мигранти

Истражните органи на Турција и Германија разбија криминална мрежа, која е осомничена дека превезла 1.766 мигранти преку Средоземното море со гумени чамци, соопшти германската федерална полиција, јави ДПА. 

Во операциите во шест германски провинции се уапсени шестмина осомничени за трговија со луѓе, а голем број осомничени лица се уапсени и во Турција.

Полицијата тврди дека осомничените ги превезувале мигранти за сума од неколку илјади долари.