Живот
14. March 2019 - 16:01

Полициец загина во пад на авион, а потоа почнаа да се откриваат детали за неговиот живот - овој Американец сите тајни си ги однесе со себе

Џордан Арин држел суши ресторан во Карсон Сити. Антонио Пстини некогаш бил полицаец во Чикаго кога се спријателил со сомнителни типови. Се утврдило дека се работи за истиот човек.

Џордан (или Антонио) користел две имиња и два броја за социјално осигурување. Имал неколку возачки дозволи и банкарски сметки.

Една од неговите 4 поранешни жени вели дека имал повеќе идентитети за да прикрива пари, поради што сметала дека има проблеми со законот.

Овој Американец до крајот на животот мирно живеел како Тони Пастини ако на 3. февруари не загинеше при падот на авион „цесна“ во округот Оринџ.

На местото на несреќата е пронајдена и полициска значка, меѓутоа клопчето почна да се одмотува. Утврдено е дека Тони никогаш не бил полицаец. Значката која ја користел е пријавена како исчезната далечната 1978 година.

Секогаш зборувал за полициската служба, а во неговиот ресторан се собирале многу полицајци.

Неговиот роднина Гери Вилис тврди дека неговиот вујко бил „вистински полицаец“ и дека имал совршено добри причини да го промени името. Тој, меѓутоа не ги навел причините, што укажува дека вујкото сакал да започне нов живот откако ја напуштил полициската работа.

Истрагата за падот на авионот би можела да потрае 18 месеци и веројатно нашироко ќе се зборува за личноста на Пастини, кој и управувал со цесната.

Инаку, кога Пастини отворил ланец ресторани на почетокот од деведесетите во Невада, отворено се фалел со полициското минато. Рекол дека бил детектив и дека се пензионирал по 17 години работа во чикашката полиција. Дури за еден весник изјавил дека бил маринец кој бил стациониран во Јапонија, што било негирано од морнаричките власти.

Во почетокот на 90-тите го запознал Денис Хоф, сопственик на легални бордели во Невада, пред овој да стане славен благодарени на емисијата за неговите јавни куќи и кампањата за државен парламент во која освои гласови иако во меѓувреме почина.

До 70-тите години имал пумпа, шлеп и стерео компанија. Исто така и возел мали авиони. Неговата приказна и натаму е полна со непознати детали, а единствената чичност која знае се, загина на почетокот на февруари во „цесната“.