Полицајка предизвика сообраќајка со 2,2 промили алкохол во крвта, но “циркузот“ допрва започнал
Полицајка од Земун би можела да остане без работа откако со 2,2 промили алкохол во крвта избегала од полициска станица каде била на трезнење бидејќи пијана предизвикала сообраќајка удирајќи со автомобилот во таксист.
Полицајката неодамна удрила во едно такси возило во Земун.
При ударот, дошло до помала материјална штета кај автомобилот на таксистот, па возачите се обиделе да се договорат околу наплата на штетата без да повикаат полиција.
-Кога почнале да преговараат, полицајката била целосно дезориентирана. Тешко зборувала и после неколку неуспешни обиди за договор, таксистот на крај повикал полиција, вели извор за Блиц.
Полицајците на колешката и направиле алкотест и останале во шок. Имала 2,2 промили алкохол во крвта. Во истиот момент полицајците ја привеле колешката во станица, во дежурната служба за трезнење.
Меѓутоа, тука не е крајот. Многу брзо, пијаната полицајка успеала да избега и да исчезне без трага и глас.
Против полицајката ќе биде поднесена дисциплинска постапка, но ќе биде подигната и кривична пријава поради предизвикување судир во алкохолизирана состојба.
Ново на Сител
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто