Балкан
1. March 2018 - 9:33

Полицајците занемеле: Свештеник и наставник облечен како жена шверцувале дрога

Српски свештеник и поранешен наставник по веронаука биле уапсени во Србија со 27 килограми сканк скриени во автомобилот.

Свештеникот Милан Јордовиќ (41) и поранешниот наставник Зоран Маринковиќ (43) биле уапсени во близина на Чачак, а во нивниот автомобил имало 52 пакети со сканк, сокриени во импровизиран бункер.

На двајцата им е одреден притвор од 48 часа, по што ќе бидат предадени на Високото обвинителство за неовластено произведување и пуштање во промет на опојни дроги.

Според српските медиуми, Зоран Маринковиќ, кој до пред неколку години предавал веронаука во основно училиште, за време на апсењето бил облечен како женско.

Поради тоа полицаецот не го претресувал и чекал тоа да го направи негова колешка.

Се претпоставува дека Маринковиќ се маскирал во жена за да изгледаат како пар. Свештеникот за време на апсењето не бил во мантија.