Свет
17. November 2019 - 21:22

Полицајците на протестите ги извадија кучињата, а овој Ирачанец го извади својот лав: Еве како изгледаше тоа

Еден маж на протестите во Ирак се појави со лав завитка со знамето на оваа земја.

Лавот го водел на ланец и така го шетал по улица.

Не е познато каде точно настанала снимката, но во последните месец дена протести се организираат во Багдад и во јужните провинции на земјата.

Најмалку 320 луѓе настрадаа од почеткот на протестот на 1 октомври, а илјадници се ранети.

Припадниците на безбедносните сили пукаат со боева муниција, гумени курѓуми и солзавец директно на демонстрантите. Во последните судири се убиени четворица демонстранти, од кои тројца настрадале од солзавец чии патрони се десет пати посилни од вообичаените.