Полицајци застрелаа тинејџер Афроамериканец кој на нив вперил пиштол
Полицајци во Сент Луис застрелаа тинејџер Афроамериканец, кој врз нив вперил украден пиштол.
Началникот на полицијата во градот во државата Мисури во централниот дел на САД, Сем Дотсон изјави дека тој бил убиен додека полицајци се обидувале да спроведат рација во кварт со високо ниво на криминал вчера утро по локално време.
Застреланото момче било идентификувано како 18-годишниот Мансур Бол-Беј. Другиот црнец, кој успеал да избега исто така е тинејџер.
Полицијата утврдила дека огненото оружје на убиениот е украдено. На местото бил откриен кокаин.
Десетици луѓе се собраа на протест во Сент Луис по убиството. тие фрлале камења врз полицајците, кои одговориле со солзавец. Тројца демонстранти биле уапсени.
Случајот доаѓа десет дена по демонстрациите, со кои беше одбележана годишнината од убиството на невооружен тинејџер црнец од полицијата во предградие на Сент Луис Фергусон, што предизвика бран насилни протести во целата земја.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација