Полицајци упаднаа во домот на поранешниот малезиски премиер
Група полицајци вечерва упаднаа во домот на поранешниот малезиски премиер Наџиб Разак.
Според очевидци, полицијаците пристигнале во куќата на Разак, набрзо откако тој се вратил од вечерната молитва во џамија.
Досега владејачката коалиција на Разак, Националниот фронт, претрпе пораз на изборите на 9 мај, по што викендов новите власти му забранија на поранешниот премиер да ја напушти земјата.
Во текот на изборната кампања опозицијата го обвинуваше Разак за злоупотреби на средства од државните фондови.
Малезиските медиуми јавија дека полицајците вршат претрес во домот на Разак барајќи документи поврзани со државниот инвестициски фонд 1МДБ, во рамки на истрагата за злоупотреби на неговите средства.
Според истите извори, во домот на Разак полицајците изнеле неколку кутии со документи.
Во рамки на истрагата, покрај куќата на Разак бил извршен претрес и во неколку други објекти, меѓу кои и неговата канцеларија и стан.
Според обвинувањата против Разак, од фондот 1МДБ се излеале најмалку 4,5 милијарди долари на сметки во САД, Швајцарија, Сингапур, а можно е и во Луксембург. Новите малезиски власти веќе побарале од овие држави да соработуваат со Куала Лумпур во истрагата.
Новиот малезиски премиер Махатир Мохамед изјави дека според првичните резултати од истрагата, обемот на злоупотреби на државни средства од страна на Владата на Разак бил многу поголем од очекуваното.
- Тие пари и припаѓаат на Малезија и потекнуваат од 1МДБ. Ќе бараме парите да и бидат вратени на Малезија, нагласи Мохамед.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност