Македонија
24. September 2020 - 14:49

Полицајци тепаат човек на улица

На социјалната мрежа Фејсбук осамна видео во кое се гледа како полициски службеници тепаат човек на улица во Битола.

„РОМИТЕ НЕ СЕ ГРАЃАНИ ОД ВТОР РЕД! 
Ужаснати сме од видеото кое се најде на социјалните мрежи каде се гледа полициска бруталност врз лица од ромската етничка заедница. Бараме секторот за внатрешна контрола при Министерство за внатрешни работи да го испита случајот и да ги санкционира сторителите.

ДО КОГА РОМИТЕ ЌЕ БИДАТ ЖРТВИ НА СИСТЕМОТ!

ВРЕМЕ E РОМИТЕ ДА ГО КРЕНАТ СВОЈОТ ГЛАС!“, се вели во еден од Фејсбук статусите.