Македонија
24. September 2019 - 14:39

Полицаецот кој „падна“ за 20 евра мито доби 8 дена притвор

Надлежен судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во времетраење од 8 дена за приведениот А.Б.(50), полициски службеник вработен во Регионалниот центар за гранични работи Запад, кој го признал делото по добиената кривична пријава поради сомнение за злоупотреба на  службената должност, соопштува МВР.

„Како што информиравме вчера, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, во соработка со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на 22.09.2019 околу 13 часот го лиши од слобода А.Б, бидејќи на 21.09.2019 околу 16.20 часот, на регионалниот пат Маврови Анови - Дебар, А.Б. надвор од работното време, облечен во полициска униформа, запрел патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, што го управувал холандскиот државјанин П.В.Н.(61) и за наводен сообраќаен прекршок му земал поткуп од 20 евра“ соопштуваат од МВР.