Балкан
26. јуни 2016 - 18:41

Полицаец застрелал две жени: Починале на самото место, додека гледало петгодишно момче!

Хрватски полицаец (46), со пиштол убил две жени на местото Света Марија, јавуваат хрватските медиуми.
 
Портпаролот на полицијата Радиван Гаќал потврдил дека убиецот е сообраќаен полицаец од Брезја и последните три години бил на боледување, пренесува „Hina“.
 
Неофицијално, не станува збор за психички проблеми. Убиените се на возраст од 52. и 39. години.
 
Кривичното дело е сторено пред синот на помладата жена. Момчето не е повредено.
 
Убиецот го фатил и уапсил негов колега кој не бил на должност, а во помош дошол и еден од соседите.