Свет
21. April 2017 - 8:15

Полицаец убиен при терористички напад на Елисејските полиња

Нападот извршен синоќа на авенијата Шанзелизе во Париз, во кој беше убиен еден полицаец, е терористички напад, за кој одговорност презеде организацијата Исламска држава.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, нападот се случува само три дена пред претседатеслките избори во Франција, 

Нападот се случи нешто пред 21 часот, кога авенијата Шанзелизе е најпосетена. Според портпаролот на Министерството за внатешни работи на Франција, напаѓачот пристигнал со автомобил на Елисејските полиња во близина на продавницата „Марк и Спенсер“, по што веднаш започнал да стрела од автоматско оружје врз полициската патрола која се наоѓала во автомобил.

Притоа тој смртно ранил еден полицаец, по што почнал да бега по тротоарот стрелајќи кон полицајата, ранувајќи уште двајца полициски офицери, од кои едниот е во животна опсаност, како е и една минувачка. Сепак, другите полицајци од патролата успеаја да го застрелаат напаѓачот.

Жена вработена во еден од бутиците на авенијата за информативниот тв канал БФМТВ посведочи дека по истрелите „многу луѓе плачеле и трчале на сите страни“ и дека „авенијата била евакуирана за само 5 минути“.

Париската префектура веднаш апелираше жителите до жителите на Париз и до туристите да не одат во овој дел од градот.

Авенијата беше затворена за сообраќај. Беа распоредени припадници на специјалните сили од Бригадата за потраги и интервенци и истражните органи, а реонот го надлетуваше и хеликоптер.

Министерството за внатрешни работи тврди дека имало само еден напаѓач, а се трага и по евентуални негови соучесници.

Истрагата му е доверена на Антитерористичкиот оддел на Јавното обвиитеслтво на Париз. Во рамките на истрагата е спроведен и претрес во домот на сопственикот на автомобилот искористен од напаѓачот.

Во Елисејската палата доцна синоќа се одржа вонреден состанок на францускиот претседател Франсоа Оланд со премиерот Бернар Казнев и министерот за внатрешни работи Матијас Фекел. 

Засега нема повеќе информации за идентитеот на напаѓачот, а БФМ ТВ јави дека убиецот и бил познат на полициските антитерорстички служби, бидејќи наводно на социјалните мрежи најавил дека сака да убие полицајц. Француските медиуми шпекулираат дека е можно да станува збор за француски или белгиски државјанин на возраст од 39 години, кој се викал Карим Ц.

Сепак, Министерството за внатрешни работи побара од медиумите да бидат внимателни околу пласирањето информации за идентиетот на напаѓачот.

Набрзо по нападот, одговорност за него презеде Ислмаската држава, преку нејзиниот интернет портал Амак.

- Извршителот на нападот во центарот на Париз е Абу Јусеф, Белгиец, и тој е еден од борците на Исламската држава, се вели во соопштението.

Нападот на Шанзелизе чија цел беа силите на редот се случи во време додека траеше последната телевизиска дебата на единаестте канидати за претседател во пресрет на неделните избори. Сите претседателски кандидати го осудија нападот и им одадоа почит на силите на редот.

Повеќето од кандиатите, вклучително и четворица главни фаворитеи з апласман во вториот круг Франоа Фијон, Емануел Макрон, Жан-Лук Меланшон и Марин Ле Пен, ги откажаа денешните предизборни собири.

За обезбедување на 67.000 избирачки места в недела, ќе бидат ангажирани повеќе од 50.000 полицајци и жандарми, поддржани од околу 7.000 војници. Министерството за внатрешни работи испрати упатство до сите префектури околу мерките за превенција кои треба да се преземат, како и за активности во случај на инциднети.

Само пред два дена во Марсеј беа уапсени две лица кои подготвуавле напад во текот на предизборната кампања.

Терористичката закана во Франција, но и во цела Европа е постојана и на високо ниво, нешто што беше потврдено со нападите во Лондон, Стокхолм и на други места, изјави францускиот министер за внатрешни работи, кој нагласува дека дека во текот на март имало 19 антитерористичка апсења во Франција.

Синоќа на Французите им се обрати и претседателот Оланд, оддавајќи му почит на загинатиот полицаец и на сите безбедносни сили. - Ние сме убедени дека мотивот за нападот е од терористичка природа, изјави Оланд, најавувајќи свикување на Советот за одбрана за утрово.

- Мора да сфатиме дека нашите полициски сили се изложени на опасност. Мора да се направи се што е потребно силите на редот, полицајците, жандармите и војската да ги остваруваат нивните мисии. Нашите граѓани се заштитени, тие треба да бидат заштитети. тие ќе бидат заштиетни, рече Оланд.