Балкан
25. May 2022 - 13:28

Полицаец уби колега во полициска станица во Тирана | ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО

Полицаецот Лудијам Заими со службен пиштол застрела свој колега во полициската станица број 3 во главниот град на Албанија, Тирана .

Албанската телевизија „Еуроњуз“ објави надзорна снимка на која се снимени моменти пред трагедијата, но и самиот чин на убиство што се случи во понеделникот нешто по 21 часот.

На видеото се гледаат неколку полицајци, меѓу кои и неколку жени, како седат на маси во полициската станица.

Во еден момент од просторијата излегува полицаецот Чауш Салиани, кој седи до вратата од канцеларијата, но зад него излегува и Заими, кој набрзо вади пиштол и од непосредна близина испука најмалку шест истрели во главата и телото на колегата.

Заими по убиствотто се обидел да побегне, но бил фатен пред полициската станица.

Засега не е познат мотивот за убиството, но се сомнева дека и претходно имало банален конфликт меѓу двајцата колеги.