Македонија
13. September 2021 - 12:46

Полицаец со „шкода јети“ удрил во пешак и тешко го повредил

Вчера во 07.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Панко Брашнаров“ во Велес, патничко возило „Шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник В.А.(25) од Велес, удрило во пешакот Д.Т.(75) од Велес, соопштија од МВР.

Во незгодата Д.Т. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.