Свет
16. April 2019 - 10:11

Полета најдолгиот авион во светот

Најдолгиот авион во светот полета над пустината Мохаве во Калифорнија. При својот прв лет, достигна брзина од 270 километри на час.

Се работи за проектот Стратолаунч, основан и финансиран од милијардерот Пол Г. Ален. Распонот на крилата на овој авион е 117 метри, што е подолго од просечно фудбалско игралиште.

Леталото е дизајнирано да служи како лансирна рампа за сателити.