Балкан
20. July 2019 - 13:38

Полесно повредени три лица во вчерашниот земјотрес во Атина

Министерството за здравство на Грција претпладнево соопшти дека по вчерашниот земјотрес во Атина три лица се хоспитализирани, меѓу кои и едно дете, кое од превентивни причини е задржано на лекување, јави дописничката на МИА од Атина.

Освен детето, хоспитализирани се и две жени кои ќе бидат оперирани, едната поради фрактура на стапалото, а другата на зглобот на ногата.

Од Министерството за здравство на Грција додаваат дека сите болници ѝ понатаму се во зголемена состојба на готовност.