Живот
1. February 2016 - 14:00

Полесно и побрзо чистење: На овој начин плочките и фугите ќе бидат како првиот ден!

За да вашиот дом биде беспрекорно чист, веројатно понекогаш користитите многу средства кои можат да бидат многу опасни. Одлично, екомично и сигурно средство за чистење на фугите помеѓу плочките можете да припремите самите по дома.
 
По оваа постапка, фугите (а со тоа и плочите) ќе изгледаат како нови!
 
За да фугите изгледаат сјајни како првиот ден, направете ја оваа смеса.
 
Состојки:
-7 чаши вода (1,5л)
-1/2 чаша сода бикарбона
-1/3 чаша сок од лимон (или 1 лажица лимонтус односно лимонска киселина)
1/4 чаша алкохолен оцет
 
Постапка:
 
Во 1,5 литри вода растворете ја содата бикарбона. Додадете го лимонтусот или сокот од лимон и на крај полека нанесувајте го оцетот.
причекајте додека не пројде хемиската реакција и вашата смеса ќе биде спремна за употреба.
 
Со четка или сунѓер истријте ги фугите помеѓу плочките и ќе видите како пред вашите очи фугите станувваат чисти, а плочките добиваат свеж и обновен изглед.