Ракомет
3. December 2015 - 10:19

Полесен тренинг и убедлива победа на Вардар против Макс Струмица

 Екипата на Вардар, забележа очекувана и убедлива победа во дуелот против Макс Струмица со 42-27 (полувреме 20-15), во меч од регионалната ракометна СЕХА лига.

 
На дуелот меѓу двете македонски екипи претставници во СЕХА конкуренцијата, кој се одигра попладнево во СЦ „Јане Сандански’’ во Скопје, вардарци ја потврдија улогата на фаворит и ја остварија седмата победа во десеттиот одигран меч. 
 
Најефикасен во редовите на црвено-црните беше Дејан Манасков со 17 постигнати голови (6/6 од 7-метри), додека Лика Циндириќ и Алекс Душебаев постигнаа по 6.
 
Кај струмичкиот тим, Борче Соколов и Ален Куленовиќ реализираа по 8 голови.
 
Со новите три бодови Вардар сега е на третото место на табелата со 22 бодови, два помалку од второ пласираниот ППД Загреб, односно пет помалку од водечкиот Татран Прешов.
 
Макс Струмица за која ова беше деветти пораз во единаесеттиот натпревар, со само два освоени бодови е закована на дното на табелата.