Македонија
26. March 2018 - 12:02

Полцијата тресеше куќа во Дебар - уапсено едно лице

Полицијата изврши претрес во куќа во Дебар, пронајде нелегално оружје. Според информациите на МВР, вчера во периодот од 09.00 до 11.00 часот, по претходно издадена судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на лицето А.А. (40) од Дебар. При претресот биле пронајдени и со потврда биле одземени еден пиштол „Застава“ калибар 7,65мм кој го поседувал без одобрение, со рамка со три куршуми калибар 7,65мм и еден куршум калибар 7,65мм кој се наоѓал во цевката од пиштолот; една најлонска ќеса со марихуана и мобилен телефон.  Одземените предмети биле дадени на вештачење, а А.А. бил приведен и здржан во Полициската станица Дебар за понатамошна постапка.

По целосно расчистување на случајот, против А.А. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.