Поларни температури низ цела Македонија - подгответе се!
Под влијание на значително постудена воздушна маса која веќе започна да се спушта од северните географски широчини во следните денови ќе услови значително пониски температури на воздухот а особено студено ќе биде наутро кога минималните температури на воздухот насекаде ќе се спуштат под нулата.
Времето ќе биде претежно стабилно, суво и без врнежи со исклучок на вторник попладне и навечер кога има услови за слаб локален снег.
Денеска ќе дува засилен ветер од северен правец и истиот ќе биде најизразен Долж Повардарието, како и на исток и југоисток, па локално можно е да достигнува брзина и над 80 км на час. Во ваква ситуација, ве советуваме да внимавате каде се движите, а вашите автомобили да ги ставате понастрана од дрвјата.
Минималните температури на воздухот во следниот период ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, додека понекаде истите е можно да се спуштат и под -10 степени, додека на планините и скијачките центри и околу -15 степени.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот некаде од 0 до 7 степени.
Ново на Сител
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија се подготвува за седмите претседателски избори
-
Гласаат затворениците во Идризово
-
Гласањето во Прилеп без проблеми