Свет
1. February 2019 - 15:29

Поларна зима стигна и во Британија: Снегот зароби стотици возачи, се смрзнуваа цела ноќ по патиштата

Над стотина возачи во Британија ноќта ја поминаа во автомобилите или во засолништа, пабови и училишта откако големи снежни врнежи погодија поголем дел од земјата.

Најниската температура од минус  15,4 степени е забележана во Шкотските ридови, што е најниска забележана температура во Велика Британија од 2012 година.

Дури и обично умерениот Лондон денеска се разбуди во снег, пренесе АП.

Полицијата ги советуваше возачите да не патуваат додека тоа не е потребно.

Во југозападниот дел од Англија, повеќе од 100 луѓе ноќта ја поминаа во Јамајка Ин, оддалечениот паб од 18 век, кој стана славен по раманот на Дафне де Морие, откако автомобилите им се заглавија на блискиот пат.

Еден од нив Пол Драј изјави дека „луѓе пристигнуваа во раните утрински часови, луѓето ги оставале автомобилите и пешачеа километри„.