Пола Скопје и околината утре без струја
Без струја утре ќе останат дел од корисниците во општините Аеродром, Центар, Чаир, Зелениково, Ѓорче Петров и Шуто Оризари.
Во периодот од 8:30 до 13:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. Божин Николов, Фрањо Клуз од бр.4 до бр.16, ОУ Блаже Конески во општина Аеродром, како и дел од корисниците од ул. Партение Зографски во општина Центар.
Од 8:30 до 14:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. 191, Битпазарска, Дичо Петров, како и дел од корисниците од бул. Крсте Мисирков во општина Чаир, а од 9:00 до 12:30 часот, дел од корисниците од ул. 5 во село Зелениково, општина Зелениково.
Без струја утре од 9:00 до 14:30 часот ќе бидат дел од корисниците од ул. 69 околу поранешен кафе бар Шкорпион, како и дел од корисниците од ул. 11, 13, 71 и 100 во општина Ѓорче Петров, од 9:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Гвадалахара и Метохиска, како и дел од корисниците од ул. Индира Ганди кај Џиди Комерц во општина Шуто Оризари, а од 12:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од ул. Тодор Александров во општина Центар, информира РЦУК Скопје.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација