Loading Video...
Ф1
7. September 2019 - 18:06

Пол-позиција за Леклерк и Ферари на „нивната“ Монца

Возачот на Ферари, Шарл Леклер ќе стартува од пол-позиција на утрешната трка за Големата награда на Италија. 
 
До својата четврта пол-позиција, Леклерк стигна благодарение на лошата тактика и проценка на конкурентите, а по излетувањето на Кими Раиконен, по што дојде до прекин. 
 
Сепак веднаш зад него утрешната трка во Монца, ќе ја започнат двајцата возачи на Мерцедес, и Луис Хамилтон и Валтери Ботас, а вториот стартен ред ќе го пополни  Себастијан Фетел.
 
Во  пресрет на трката, Хамилтон убедливо на првата позиција во Генералниот пласман со 268 бода, или 65 повеќе од Ботас (203), а по нив следуваат Ферстапен со 181 и Фетел со 169.